Search

Со пет милиони евра ќе се решава приемот на водата од ХС „Злетовица”

Хидросистемот „Злетовица” во наредните две години ќе добие пет милиони евра од буџетот на Владата на Република Македонија, со цел  општините, кои треба да обзебедуваат вода од него да ги решат сите проблеми за прием на водата што ќе се дистрибуира низ водоводните мрежи.

Директорот на ХС „Злетовица”, Миле Илиевски за МИА појаснува дека оваа година од буџетот ќе бидат инвестирани 200 милиони денари или 3.500.000 евра, средства кои ќе се технички документации и изградба на филтер станици во Карбинци, Лозово, додека Штип постојната Филтер станица треба да ја прилагоди за прием на водата, а општините Пробиштип и Свети Николе може да аплицираат за модернирање на нивните станици. Целта е најсовремениот систем за вода за пиење во земјава биде рентабилен и да се реализира проектот како што е и предвивден. 

Владата одобри пет милиони евра за квалитетно решавање на водоснабдувањето на општините Штип, Лозово Карбинци, Пробиштип и Свети Николе. Многу е значајно да се потенцира дека оваа година треба да се искористат 3.500.000 евра, со цел овие општини да можат да ја примаат водата од „Злетовица”. Додека за наредната 2020 година ќе се искористат 100 милиони денари или 1.500.000 евра, вели Илиевски.

Тој забележува дека по празниците се очекува веќе и на терен да се излезе и да се скенира состојбата во сите овие општини. 

ХС „Злетовица” е пуштена во употреба во 2010 година, а од тогаш нејзините води ги користат само општините Свети Николе и Пробиштип, и двете добиваат по 50 литри вода во секунда. Од овој систем за шесте општини во регионот се предвидени 900 литри вода во секунда, од коишто  половина се наменети за Штип.

Треба да знаете
Последни објави