Search

Сопругата на Шумахер: Михаел е во сигурни раце

Михаел Шумахер утре ќе наполни 50 години, а од неговата тешка несреќа на скијање во Франција минаа пет години. Проверени информации за неговата состојба има малку, па зборовите на неговата сопруга Корин, која ретко јавно истапува, се најмеродавни за тешката ситуација.

-Бидете сигурни дека е во најдобри можни раце и дека правиме се што можеме за да му помогнеме. Ве молам за разбирање што вака чувствителните теми како здравјето ги држиме во приватност, тоа беше и желба на Михаел. Ви благодатам за пријателството и ви посакувам здравје и среќа во новата 2019 година, изјави Корина за „Билд“.

Трагичната несреќа се случи на 29 декември 2013. година. Михаел и неговиот син Мик беа на скијање во француски Марибел. Во еден момент Германецот излета од стазата и падна на камен кој го отфрли десеттина метри. Падна и удри со главата на каменот, а без оглед на тоа што имаше кацига, последиците беа драматични.

Треба да знаете
Последни објави