Search

Поради ниските температури опасност од голомразица

Под влијание на студен и влажен бран од денес попладне и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, особено на планините (над 40 сантиметри). Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а засилениот ветер на места ќе предизвика снежни наноси.

АМСМ информира дека сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата каде наместа на некои повисоки места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од 15 ноември 2018 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави