Search

Милиони жени од Индија излегоа на протест поради нееднаквоста на половите

Милиони жени формираа така наречена група,  во јужната индиска држава Керала за поддршка на родовата рамноправност,  како и одговор на протестот на хинду-свештениците и конзервативците кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во храмовите, објавија тамошните медиуми.

Комунистичката партија на Индија објави дека протестот собрал околу 5,5 милиони жени.

Влегувањето на жените на возраст од 10 до 50 години во храм беше неформално забрането пред многу години, а забраната официјално беше преточена во закон во 1972 година.

Државниот суд во Керала ја поддржа забраната во 1991 година, но Врховниот суд на Индија во септември 2018 година ја укина.

Треба да знаете
Последни објави