Search

Загина велосипедист кај Брвеница

Велосипедист бил прегазен од автомобил, вчера на патот Тетово- село Брвеница, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 17.30 часот кога автомобил „БМВ“, управуван од А.А.(22) од Тетово, удрил во велосипед управуван од З.С.(61) од село Долно Седларце. На самото место на несреќата починал велосипедистот.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави