Search

Градоначалникот Георгиевски го посети Ведран, првиот жител на Гази Баба за 2019

Градоначалникот  Борис Георгиевски го посети првиот жител на Гази Баба за 2019 година, машко дете – Ведран, родено во 00.01 минута на полноќ со тежина од 3 килограми и 940 гр и долго 52 сантиметри, на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар.

Традиционално, градоначалникот Георгиевски на семејството Ангеловски од населбата Хиподром, им посака среќни новогодишни и божиќни празници, а особено им честита што го донесоа на свет  Ведран, како прв жител на општина Гази Баба и во Република Македонија,  машкото дете на нашето поднебје е предзнак  за бериќетна и успешна година.

Градоначалникот Георгиевски му посака на Ведран многу здравје, убаво и безгрижно детство а на семејството им додели 20.000, 00 денари и играчка за бебето.

Треба да знаете
Последни објави