Search

Германските власти ги истражуваат нападите во Ботроп и Есен како терористички чин

Според  пишувањата на „Тагесшпигел“, Канцеларијата на германскиот јавен обвинител, која се занимава со злосторства поврзани со тероризам, ја разгледува можноста да ја преземе контролата над случајот.

Германските безбедносни служби, наводно, го третираат намерното прегазување на пешаците од страна на еден 50-годишник во Ботроп и Есен како терористички чин, објавија медиумите.

Во вторникот, новинската агенција ДПА соопшти дека напаѓачот, идентификуван како Андреас Н., се залетал со својот сребрен „мерцедес“ во толпата во Ботроп главно составена од странци и повредил најмалку четири лица.

Возачот потоа се упатил кон соседниот Есен, се обидел да ги прегази луѓето на една автобуска станица, а потоа бил уапсен од полицијата. Напаѓачот, наводно, го таргетирал странците бидејќи межу повредените од неговиот автомобил биле сириски и авганистански државјани.

Во заедничката изјава на Обвинителството во Есен и полицијата од градовите Реклингхаузен и Мунстер, се вели дека осомничениот коментирал против странците за време на притворот, а локалната полиција има информации дека напаѓачот можеби има некои ментални проблеми.

 

Треба да знаете
Последни објави