Search

Скопјанка погодена од заскитан куршум додека гледала ТВ

Скопјанка била повредена од заскитан куршум, вчера во својот дом во населбата Чаир, информираше МВР.

Станува збор за А.Д.(36), која била пренесена во Градска општа болница  „Св. Наум Охридски“.

Според неа, инцидентот се случил околу 20 часот во куќа на улицата Македонско Косовска бригада. Додека  жената седела во својот дом и гледала телевизија, заталкан куршум поминал низ покривот и ја погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави