Search

Молери ограбиле скопјанец, му барале капар па го истепале

Тројца молери претепале и ограбиле скопјанец, завчера во скопската населба Ѓорче Петров, информираше МВР.

Според полицијата, разбојниптвото се случило околу 16 часот во домот на А.Д.(48) на улицата Браќа Чакреви. Тогаш Љ.Н. и други две непознати машки лица кои извршувале молеро- фарбарски услуги, му побарале 100 евра за капар. Веднаш потоа тројцата физички го нападнале домаќинот и му зеле телевизор, двд, звучници, пари и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави