Search

Во Германија стапи на сила законот за трет пол

Во Германија, денеска стапи на сила закон кој им овозможува на граѓните кои не се вклопуваат ниту во машкиот, ниту во женскиот пол, да ја изберат третата опција во официјалните документи.

Владата го усвои овој закон во август минатат година, а минатиот месец тој беше потврден и од страна на Бундестагот.

Германската влада одобри можност за регистрирање трет пол во матичните книги, а Уставниот суд една година претходно донесе пресуда со која се отвори таквата можност. Судот ја донесе ваквата одлука врз основа на жалба од лице што во половите хромозоми има само еден X-хромозом. На лицето му било одобрено во изводот кај родот, наместо женски, да му пишува – поинаков.

Надлежните претходно го одбиле барањето на лицето повикувајќи се на законот дека децата може да се регистрираат само како машки или женски пол или графата за пол да се остави празна.

Треба да знаете
Последни објави