Search

ВМРО-ДПМНЕ: Партиските наследници на Киро Глигоров ја погазуваат независноста на Македонија

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Владимир Ѓорчев положи цвеќе и оддаде почит на седумгодишнината од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит за Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ, кој несебично се вложи себеси во градењето на независна Република Македонија, која што денес токму неговите партиски наследници ја погазуваат менувајќи го Уставот со цел менување на уставното име и идентитет“, соопштија од партијата.

Треба да знаете
Последни објави