Search

(Видео) Расте бројот на жртви во Магниторск

Бројот на загинати лица во експлозијата во зградата во рускиот град Магниторск расте.

Според руските медиуми откако спасувачките екипи од рушевините на зградата извлекле две тела, бројот на загинати се зголемил на девет лица.

Руските медиуми ова го објавија веднаш по веста дека десетмесечно бебе е извлечено живо од рушевините на зградата. Бебето поминало 35 саати на минусни температури.

Тамошните власти изјавија дека е чудо што бебето успеало да преживее имајќи ги предвид ниските темератури.

Бебето е веднаш пренесено в болница бидејќи се наоѓа во критична состојба.

Треба да знаете
Последни објави