Search

(Видео) Дачиќ ја учи „Каљинка“ за да му ја пее на Путин кога ќе дојде во Србија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека веќе го подготвува репертоарот доколку има прилика да запее во текот на посетата на рускиот претседател, Владимир Путин, на Србија.

Посетите на Путин воглавно се кратки и нема прилика за некоја поопуштена атмосфера. „И тој сака да пее, а мојот избор би бил, според мене најубавата руска песна ‘Подмосковска вечера’ и секако ‘Каљинка’“, рекол Дачиќ за „Новости“.

Тој рекол дека „Каљинка“ е задолжителен дел од неговиот „дипломатски репертоар“, и дека оваа песна не им ја пеел само на Русите, туку и на многу Европејци и Американци.

„На гостите сакам да им ја пејам и ‘Санта Лучија’ и ‘Ми му тимонис’ – грчка песна за љубовта на српски војник и Гркинка. Некој ја преведува како ‘Не плачете очи мои’“, додал тој.

Дачиќ е познат по тоа што им пее на странските државници кои ја посетуваат Србија. Тој му направи чест и на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кому му успеа турска песна.

А му пееше и на поранешниот грчки министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

Сепак, на Дачиќ најмногу му лежат српските песни, па не пропушти шанса пред неколку години да запее и во Брисел пред странски гости и дипломати.

Треба да знаете
Последни објави