Search

Опожарени две куќи во Скопје

Две куќи изгореле вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, првиот пожар избувнал околу 15 часот на  улицата Пролетерска во помошната просторија од куќа сопственост на Г.М.(39). При тоа целосно изгорела кровната конструкција и инвентарот.

Вториот пожар бил пријавен околу 19.30 часот во село Сарај, на улица „14“. Во куќата сопственост на Т.Т. и Р.Т. во една од собите на приземјето избувнал пожар. Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат.

Во двата пожари повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави