Search

Кинез 12 години се преправал дека е полицаец

Кинез 12 години се преправал дека е полицаец

Неодамна полицијата уапси Кинез кој 12 години се преправал дека е полицаец.

Ван Фенг (41) отсекогаш сакал да биде полицаец, но никогаш не се обидел да се приклучи на полициската академија. Сè започнало во 2006 година, кога братот на Фенг бил вклучен во еден судски процес и му бил потребен адвокат. За да се осигура дека брат му ќе добие стопроцентна сигурност на судот, Фенг се претставил себеси како полицаец.

Оваа измама поминала во јавноста, па затоа Фенг продолжил така и во други ситуации. Наскоро почнал да им кажува на своите пријатели дека станал полицаец, набавил униформа, лажна значка, пиштол и лисици.

Овој лажен полицаец ја запознал Ксијао Лу, која подоцна станала негова сопруга и која била одушевена со неговите измислени приказни за опасни потери по криминалци и полициски истраги.

Нејзиното семејство почнало да се сомнева во приказните на лажниот полицаец.

По венчавката, Фенг ѝ рекол на својата сопруга дека работи на важен случај и побарал од неа да не му кажува на своето семејство за неговата работа.

Додека неговата сопруга мислела дека е во опасни мисии, тој всушност времето го поминувал во хотел и водел мала печатница која била во долгови. Редовно позајмувал пари, а неговата униформа била гаранција дека ќе им ги врати парите на луѓето, но никогаш не го сторил тоа.

Кога конечно беше уапсен од страна на полицискиот службеник во септември оваа година, беше откриено дека должи 290 000 долари.

Овие долгови, исто така, ги откриле лагите на Фенг бидејќи некои луѓе се умориле од чекање да ги врати парите, па го пријавиле случајот во полиција.

Треба да знаете
Последни објави