Search

Дедо Мраз дојде во Бутел и делеше награди од новогодишната лотарија

Дедо Мраз со пајтон дојде денеска во Бутел и подели награди на срените добитници на новогодишната лотарија која ја организираше Општината. Во новогодишната програма со наслов: ,,Општина Бутел во новогодишно руво блесна, насекаде се слуша смеа и песна“, која се одвива вчера и денеска учествуваат голем број изведувачи.

Сепак, денеска најинтересно беше за најмладите кои во ТЦ ,,Живко Брајковски“ го пречекаа Дедо Мраз кој ги извлекуваше добитниците на новогодишната лотарија.

Дводневниот хепенинг го збогатија настапите на учениците од основните и средните училишта во Општината, како и повеќе културно уметнички друштва. Вчера атмосферата ја загреа „Куку Леле“, а вечерва ќе настапат Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Боби Спасенцовски, Адријан Гаџа, Владанка Георгиева и други.

Треба да знаете
Последни објави