Search

Во бомбашки напад на автобус кај пирамидите во Гиза, загинаа двајца туристи

Во бомбашки напад на автобус во близина на Пирамидите во Гиза денес загинаа двајца виетнамски туристи, а 12 лица се повредени, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу повредените се 10 виетнамски туристи и двајца Египќани – возач и водичот на турата. Според извештаите, во автобусот имало двајца виетнамски туристи.

Египет веќе неколку години се бори со исламските екстремисти на Синајскиот Полуостров, чија побуна повремено се прелеваше и на остатокот од египетската територија, при што жртви се претежно припадници на малцинската христијанска заедница и туристи.

Ова е прв напад врз странски туристи во Египет по речиси две години.

Нападот доаѓа во време кога туризмот во Египет покажува знаци на опоравување по неколкугодишните мртви сезони поради политичките превирања и насилства во земјата.

Треба да знаете
Последни објави