Поплавите во Индија го попречија спасувањето на рударите

Речиси две недели откако 15 рудари останаа заробени во нелегален рудник за јаглен во североисточна Индија, напорите за нивно спасување беа попречени од бројните поплави.

Окното на нелегално изградениот рудник беше поплавено во државата Мегхалаја на 13 декември, откако една река се прелеа, затрупувајќи ги рударите внатре. Окното се проценува дека е длабоко стотина метри, а луѓето најверојатно се заглавени на дното.

Над 80 спасувачи, вклучувајќи и нуркачи од Националните сили за одговор при катастрофи (NDRF), моментно работат на исфрлање на вишокот на вода од рудникот.

Но, на 20 декември обилните дождови доведоа до повторно прелевање на реката и повторно поплавување на окното, поради што се стравува дека рударите можеби се мртви.

Тоа што рудникот е нелегално изграден и спасувачкиот тим нема мапа од него, уште повеќе ги отежнува нивните напори за спасување

Треба да знаете
Последни објави