Пронајдена е пита која мајка му ја испратила на својот син уште во Втората светска војна

Лимена кутија со пита со месо, испечена за време на Втората светска војна е изложена во музеј, во беспрекорна состојба, која е откриена под подните даски на еден британски хотел.

Божиќните деликатеси, кои во тоа време мајка му ги испратила на својот син морнар се откриени во хотелот Лок, во градот Даглас, на Островот Ман.

Пронајдени се за време на реновирањето на хотелот, во 1998-ма година, но останале заборавени во складиштето на музејот Манкс.

Се верува дека деликатесите останале сочувани речиси 80 години, благодарение на сувиот воздух под дрвените даски на подот.

Биле адресирани на морнарот Фил Дејвис, со писмо на кое пишувало „Сè најдобро, те сака мама“.

Кураторот на музејот, Манкс Метју Ричардсон, рекол дека тоа биле „посебни докази од топлите човечки приказни“ од Втората светска војна.

„Божиќ е вистинско време за повторно да заблескааат“, истакнал тој.

Хотелите и пансионите долж променадата во Даглас, во тоа време биле користени за сместување на војниците и морнарите.

Треба да знаете
Последни објави