Кисела Вода оваа година додели 440 ваучери за новороденчиња

Во пресрет на новогодишните празници денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски додели 98 ваучери за новороденчиња, од кои 54 за машки и 44 за женски деца. Со ова од почетокот на 2018 досега општината има доделно вкупно 440 ваучери.

Оваа еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја добија семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на територијата на локалната самоуправа.

Имено, сите заинтересирани за добивање на овој ваучер потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата може да се поднесат во рок од 90 дена, од денот на раѓање на детето.

Треба да знаете
Последни објави