Search

Јапонија продолжува со комерцијално ловење китови

Јапонија денеска објави дека се повлекува од Меѓународната комисија за лов на китови (ИВЦ) и дека ќе продолжи со комерцијалниот лов на овие животни следната година.

Оваа одлука предизвика критики од земјите кои се противат на ловот на китови, вклучувајќи ја и Австралија.

Владиниот портпарол Јошихида Суга изјави дека комерцијалниот лов ќе биде ограничен само на јапонските територијални води, објави АФП.

„Ние нема да ловиме на Антарктикот или на јужната хемисфера”, додаде Суга.

Токио претходно се закани дека ќе го напушти ИВЦ и редовно беше критикуван за фаќање стотици китови секоја година за „научни истражувања”, иако потпиша мораториум на лов на овие животни.

Суга рече дека Јапонија официјално ќе се повлече од Комисијата до крајот на годинава, што значи дека одлуката ќе стапи на сила до 30 јуни.

Јапонија се приклучи на Исланд и Норвешка во отворено противење на забраната за комерцијален лов на ловци, претходно прогласена од страна на ИВЗ.

Треба да знаете
Последни објави