Search

Христовски: Индустриската зона во Крушево инфраструктурно оспособена за инвестиции

Инфраструктурните и економските развојни планови на општина Крушево и можностите кои со нив се отвораат за привлекување на нови странски инвеститори, биле темите на разговор на средбата меѓу министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска со градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Апостолска, како што соопштија од нејзиниот кабинет, истакнала дека намерата на Владата е економскиот раст и развој на земјава да го постави на здрави темели преку успешни интеракции на домашни и странски компании, притоа поддржувајќи го домашното стопанство во зајакнувањето на неговите технолошки капацитети и организациони способности, а кои би соодветствувале на потребите и барањата на технолошки напредни странски компании.

Од страна на градоначалникот Христоски биле претставени потенцијални локации за реализација на нови гринфилд и браунфилд  странски инвестиции во општината, при што нагласил дека индустриската зона е финализирана и инфраструктурно оспособена за реализација на конкретни инвестициски проекти.

Треба да знаете
Последни објави