Search

Собранието гласаше за потребата за измени во Кривичниот законик, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во дебатата

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на собраниската дебата за Кривичниот законик бидејќи тоа за партијата ќе значи уривање на правната држава и тргување со правото, рече координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски,  според кого, со предложените измени излегле на површина  сите „дилови“ на Зоран Заев.

Собранието претходно со мнозинство гласови ја усвои потребата од донесување на измените на Кривичниот законик по скратена постапка, чии предлагачи се Артан Груби, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди. „ЗА гласаа 66, против 18. Измените ги поддржаа владејачкото мнозинство и независната пратеничка група, а ВМРО-ДПМНЕ беше против. Сега следи расправа во собраниските комисии каде ќе бидат разгледани предлозите.

Со измените на Кривичниот законик кои се ставени на дневен ред на денешната собраниска седница се предлагаат измени на членот 275-в кој се однесува за злоуптреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набвки или јавно -приватно партнерство. Измените се во ставот 3 во кој се намалува затворската казна од 5 на 4 години.

Во предлогот за кој ќе расправа Собранието беа  повлечени измените на членот 353 од КЗ за злоупoтреба на службената положба и овластување.

Иако според членот 353 ќе беа опфатени голем број на обвинети или осомничени во предметите на СЈО и со членот 275-в се отвора можноста од кривично гонење да бидат ослободени обвинетите во случаите „Тендери“ и „Трезор“. Измените на Кривичниот законик можат да влијаат и врз жалбената постапка на веќе обвинетите во „Тенк“ и „Труст“.

– Предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик на Република Македонија имаат за единствена цел на рушење на правната традиција и поткопување на правната сигурност и функција на правниот поредок односно Зоран Заев преку ова решение тргува со правото и правната држава. Многу од предложените норми се противуставни, спротивни на функцијата и намената на законот и просто нелогични и апсурдно бесмислени. Вакво нешто не е запаметено во политичката јавна сцена. Преку овој закон излегуваат на виделина сите дилови на Зоран Заев. Наместо подобрување на правните норми и работење во согласност со забелешките од Брисел како услови за почеток на преговори, Македонија на чело со Заев и СДСМ свесно ја носат Република Македонија во амбис, рече Мицевски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави