Search

Отворен новогодишниот хепенинг во Штип

Денеска започна новогодинешниот хепенинг организиран од страна на Општина Штип.

Градоначалникот Благој Бочварски го означи почетокот на настаните и активностите кои ќе траат во наредните неколку денови.

На отворањето учествуваа пејачот Зоран Илиев, магионичарот Кристијан Шопов, детскиот балетски клуб и дечината од ООУ „Ванчо Прќе“.

„Во рамки на програмската агенда на овој четиридневен настан се предвидени и музички, но и хумуристички содржини, интерактивни активности на наменски креирани штандови, како и можности граѓаните да ја покажат својата хуманост и да внесат малку ведрина во претпразничните денови на кои им е потребна подадена рака. Штипјани деновиве ќе имаат дополнителна опција и локација за меѓусебно дружење и разменување на позитивна енергија,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Треба да знаете
Последни објави