Боксинг деј: Традиција која носи радост кај фудбалските фанови

Фудбалот на Островот е многу поразличен во однос на останатите делови од светот, а една од работите кои го прават посебен е популарниот Боксинг деј и натпреварите кои се играат на овој ден. Традицијата на играње натпревари еден ден по Божиќ трае повеќе од 120 години.

Денеска, еден ден по Божиќ, премиерлигашките клубови играат натпревари кои ќе бидат на програмата во текот на целиот ден.

Сите уживатели на фудбалот денешниот ден го сметаат како празник за очите, бидејќи клубовите од англиската Премиер лига играат натпревари кои почнуваат напладне, а завршуваат во доцните вечерни часови. Натпреварите се играат во четири термини и колото го отвора дуелот помеѓу новите премиерлигаши, Фулам и Вулверхемтон, кој се игра од 13:30 часот.

Веднаш потоа, во следниот термин се играат дури шест натпревари. Со почеток од 16:00 часот на програмата се натпреварите Барнли – Евертон, Кристал Палас – Кардиф, Лестер – Манчестер Сити, Ливерпул – Њукасл, Манчестер Јунајтед и Тотенхем – Бурнемут. Најголем фокус е ставен на натпреварите на Манчестер Сити и Ливерпул, кои и понатаму остануваат најголеми конкуренти за титулата. Доколку Манчестер Сити забележи уште еден кикс, Ливерпул може потенцијално да се оддалечи на врвот со 7 бодови разлика.

Денешната програма ја затвора натпреварот помеѓу Ватфорд и Челзи, чиј почеток е закажан за 20:30 часот. Челзи мора да се врати на победничките патеки бидејќи во спротивно ризикува да го изгуби чекорот во трката за пласман во европските натпреварувања. Во моментов Челзи има исто бодови колку и Арсенал, а и двата клуба заостануваат пет бодови зад градскиот ривал Тотенхем.

Колото ќе се комплетира утре, кога со почеток од 20:45 часот силите ќе ги одмерат екипите на Саутемптон и Вест Хем. Новиот тренер на Саутемптон, Ралф Хасенхутл, успеа да го мотивира составот и да освои 6 бода од последните два натпревари, додека Вест Хем играше во одлична форма до последното коло, кога на домашен терен загуби од Ватфорд со 0:2.

Треба да знаете
Последни објави