Search

Несторовски откри која му е најголемата желба за наредната година

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски во моментов е повреден и не може да им помогне на своите соиграчи од Палермо во предизвиците во Серија Б, но тоа не значи дека напаѓачот не е активен и фокусиран на тоа што може да направи во наредниот период.

Имено нашиот ас имаше едно интересн изјава со италијанскиот тенисер, Марко Чекинато кој се проби на големата сцена токму годинава со извонредните настапи на Ролан Гарос каде стигна до полуфиналето со тоа што на патот до истото победи рекети од самиот врв како Новак Ѓоковиќ, Давид Гофан и Пабло Карењо Буста.

Илија и Марко меѓусебно си поставуваа прашања, а едно од нив кое беше наменето за Македонецот беше поврзано со 2019 година и која е неговата најголема желба.

-Што очекувам од 2019 година? Се надевам ќе имам одлична година и ќе го вратам Палермо во Серија А. Јас добро стојам и со другите спортови, јас сум спортист и ми се допаѓа тенисот, -истакна Несторовски кој притоа му откри една информација на Чекинато.

-Кога играше со Ѓоковиќ, јас навивав за тебе, -му рече нашиот напаѓач на Италијанецот.

Чекинато кој е голем навивач на Милан воедно му даде ветување на Несторовски дека ќе дојде со негов дрес на првиот меч на Палермо кога тие ќе се вратат во првата лига.

На крајот на интервјуто беа размените подароци, Чекинато на нашиот Нестор му го подари дресот во кој го порази Ѓоковиќ, а пак прилепчанецот му даде дрес од Палермо.

Треба да знаете
Последни објави