Search

Милан не се откажува од Милинковиќ-Савиќ

Медиумите во Италија денеска пишуваат дека фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ повторно е на мета на одредени клубови, но најупорен во тоа да го привлече е Милан.

„Росонерите” и претходно беа заинтересирани да го доведат српскиот репрезентативец на „Сан Сиро”, но тоа не беше возможно поради фактот дека Лацио побара 120 милиони евра.

Во меѓувреме, како што цената на српскиот фудбалер паѓа на пазарот, тие почнале повторно да се распрашуваат. „Калчомеркато” и шпанскиот портал за трансфери „fichajes.net” известуваат дека Милан повторно влегува во битка за Србинот.

Милинковиќ-Савиќ, без оглед на тоа што во септември го продолжи договорот со римскиот клуб, сè уште котира високо на листата на желби на спортскиот директор на Милан, Леонардо, така што лидерите на седумкратниот шампион на Европа се подготвени повторно да започнат преговори со Римјаните.

Проблем за Милан се повредите на Џакомо Бонавентура и Лукас Билија, така што Џенаро Гатузо итно има потреба од засилувања, и тоа веќе во јануари, бидејќи не се знае колку на гореспоменатите ќе им треба да се опорават и да се вратат во форма.

За Сергеј интерес покажуваат и Интер и Јувентус, како и Манчестер Јунајтед, барем додека Жозе Мурињо беше на чело на тимот.

Треба да знаете
Последни објави