Search

Кралицата Елизабета Втора упати традиционална божиќна порака за мир

Британската кралица Елизабета Втора во божиќнаата порака истакна дека се надева дека постигнала одредена количина на мудрост за време на своите 92 години.

„Некои култури веруваат дека долгиот живот носи мудрост. Јас би сакала да верувам во тоа. Можеби дел од таа мудрост може да се препознае некои од животните парадокси, како тоа човечките битиа имаат огромна склоност кон доброто, а сепак и капацитет за зло“ рекла кралицата Елизабета во однапред снимената божиќна порака.

Таа во повесел тон рекла дека 2018 година била многу богата за нејзиното семејство, со две венчавки, две нови бебиња и уште едно бебе кое треба да се роди следната година.

„Тоа ја држи бабата многу зафатена“ додала кралицата.

Годишната порака била многу емотивна во многу од 53 земји на Комонвелтот, по службата во црквата во кралскиот имот, на која присуствуваа кралицата и членовите на кралското семејство.

Кралицата дошла со лимузина до црквата Света Марија Магдалена, додека младите членови на семејството дошле пешки. Нив ги предводел принцот Чарлс, а следеле синовите принцот Вилијам со сопругата Кетрин и принцот Хари, со сопругата Меган. На службата не присуствуваше 97-годишниот сопруга на кралицата, принцот Филип, кој се повлече од јавниот живот. Не беше присутна ниту сопругата на Чарлс, Камила, која се опоравува од настинка. Дома останаа и трите деца на принцот Вилјам и Кејт.

Треба да знаете
Последни објави