Search

Кекеновски: Консензуален кандидат за претседател или консензус на опозицијата за настап со еден кандидат?!

Консензуален кандидат за претседател или консензус на опозицијата за настап со еден кандидат?!

Само да потсетам што кажав околу идејата за КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, во пресрет на мојата предконвенциска промоција во 2014 година:
,,Доколку под консензуален кандидат за актуелната владеачка коалиција се подразбира кандидат кој треба да биде полуриба, полудевојка (да биде пола Македонец, пола Албанец), ако сметаат дека консензуалниот кандидат ќе треба да го отсликува бинационалниот, наместо мултуетничкиот карактер на државата, ако сметаат дека кандидатот треба да биде гарант дека во иднина ќе се реализираат барањата кои ги надминуваат рамките на Охридскиот договор (втор службен јазик во државата, дводомно собрание, рушител на унитарниот и промотор на федеративниот карактер на државата), тогаш ЈАС СИГУРНО НЕ СУМ и НЕ САКАМ ДА БИДАМ ТОЈ КАНДИДАТ”.

Денес, во пресрет на претседателските избори во 2019 година потребен е КОНСЕНЗУС на целата опозиција околу еден кандидат.
Кандидатот на опозицијата треба да потекнува од народот и да е близок со народот,
• човек кој е чесен, храбар, принципиелен, достоинствен, спремен во секој момент да се соочи со предизвиците како и да ја понесе одговорноста,
• човек кој ќе се бори правдата да ги стигне сите сторители на криминални дејанија и сторени зла без разлика на која партија и припаѓаат како и конфискација на нелегално стекнатиот имот,
• кандидат кој по своето убедување е легалист и легитимист, кој ќе бара доследно почитување на Уставот и законите, симболите на државата и почитување на институциите на системот,
• кандидат кој нема да ги потише донесените неуставни закони и Преспанскиот договор и ќе ги почитува резултатите од консултативниот (неуспешен) референдум,
• човек кој пред органите на ОН, пред МСП и пред целата меѓународна стручна и научна јавност преку правна и политичка процедура ќе побара исправање на нанесената неправда и преседан еден народ да си го менува сопственото име,
• човек кој во иднина со својата чесност, правдољубивост, барањето за еднаквост на сите пред законите како и почитување на различитостите ќе го симболизира државното единство,
• кандидат кој ќе побара морална и кривична одговорност за сите оние кои во името на славољубието и личните интереси го обезличуваат, понижуваат и делат сопствениот народ,
• кандидат кој ќе побара под итно истрага за сите високи функционери кои одработуваат за странски служби и интереси
• кандидат кој ќе ги отповика сите оние амбасадори и останати дипломатски претставници кои не се на висината на задачата и др.

Фејсбук статус на Проф.др. Јове Кекеновски

https://www.facebook.com/jove.kekenovski/posts/1234915130005238

„Секако дека размислувам на кандидатура и мислам дека ја заслужувам со оглед на мојата беспрекорна кариера, принципиелни ставови и првдољубивост и чесност. Мислам дека би можел да бидам најдобар татко на нацијата досега, кој има капацитет и сила да ги постави работите од глава на нозе и да биде гарант и протеже за владеење на правото, изјави Кекеновски во интервјуто за 24Инфо.

Треба да знаете
Последни објави