Search

За четири дена вакцинирани повеќе од 220 деца во Скопје

Во текот на изминатите четири дена повеќе од 220 деца се вакцинирани во пунктовите за вакцини на Здравствен дом Скопје. Тие не биле вакцинирани, а одредени ја примиле и ревакцината, што е дополнителен број кој ја зголемува бројката од 220, изјави денеска директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ.

– Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред се ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца, рече Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на дежурните пунктови за деца кои ќе почнат да функционираат од 1 јануари во поликлиниките во Бит Пазар, „Јане Сандански” и во Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави