Search

Градоначалникот Филип Темелковски на сите верници им го честита Божиќ

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во негово лично име и во име на локалната самоуправа на сите верници кои денес по Грегоријанскиот календар го слават Христовото раѓање – Божиќ им го честита овој голем ден и им посакува многу среќа, здравје, радост и љубов во нивните животи.

Синоќа градоначалникот, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ присуствуваа на Светата литургија по повод чествувањето на католичкиот Божиќ во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово” во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави