Search

Австријците за Божик подариле речиси една милијарда евра во готово

Австријците за овој Божик најмногу подарувале пари, така што речиси секој втор граѓанин на оваа европска земја, добил подарок во пари, покажува истражувањето на порталот „ Durchblicker“.

Според податоците од истражувањето, паричниот подарок бил во просек од 256 евра. Како што наведува порталот, низ Австрија, под елката како подарок биле ставени околу 963 милиони евра во готовина.

Три од четири подарени пари, Австријците веднаш ќе ги потрошат, а остатокот ќе ги штеди. Паричните подароци се вообичаени за повозрасните отколку кај младите лица.

Треба да знаете
Последни објави