Search

Скопјанка претепана во ноќен клуб

Скопјанка била претепана во ноќен клуб, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 5 часот во клуб на булеварот Партизански Одреди. Тогаш А.А.(25) од Скопје пријавила дека била физички нападната од страна на Н.Н.(26) од Скопје. Полицијата против напаѓачот поднела соодветна пријава.

Од полицијата информираат дека сличен инцидент се случил и пред угостителски објект во Капиштец. Скопјанецот Д.А.(46) пријавил дека околу половина час по полноќ часот бил физички нападнат од Г.Ј.(46) од Скопје на улица Народен Фронт. По преземени мерки поднесен е соодветен поднесок.

 

Треба да знаете
Последни објави