Покетино стана хит со нестварната коинциденција за која зборува цела Англија: Ова е подарок за мојата сопруга

Тотенхем ги потврди своите аспирации во борбата за титулата во Премиер лигата со страшната победа која ја оствари на гостувањето на „Гудисон парк“, декласирајќи го силниот Евертон со 2:6 на негов терен.

Гостите од Северен Лондон покажаа завидна ефикасност и воиграност на едно од потешките гостувања во лигата, а покрај тоа што Маурисио Покетино имаше причина за задоволство од играта на неговите фудбалери, се радуваше и на еден јубилеј кој беше одбележан со неверојатна коинциденција.

Во текот на вчерашниот ден, Покетино славел 26-годишнина од свадбата со својата сопруга, а неверојатна е симболиката што натпреварот на „Гудисон парк“ заврши 2:6. Сето ова ги натера новинарите  да одработат специјално интервју со аргентинскиот стручњак, кој призна дека е изненаден од коинциденцијата, напоменувајќи дека можеби ова е и некаков знак од универзумот на денот кога прославува 26-годишнина со својата сакана.

– Ова е неверојатно. Сакам да и ја испратам сета моја љубов и честитки до мојата сопруга. Јас верувам во енергијата на универзумот, цел ден барав подарок за мојата сопруга. 2:6, ова е неверојатно, ова е подарокот за неа, – порача Покетино кој со својата изјава изнуди и насмевки од новинарите.

Треба да знаете
Последни објави