Search

Општина Бутел: 300 ученици добија нови јакни

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска им подели нови зимски јакни на 300 ученици од социјално ранливи семејства од основните училишта во Општината.

Инаку, детските зимски јакни се донација од компанијата ,,Здравје Радово“.

По овој повод градоначалникот Смилевски изјави дека за секоја пофалба се ваквите општествено корисни компании кои мислат на најмладите.

-Особено добредојдени се подароците во пресрет на новогодишните и божиќните празници кога дечињата се најрадосни. Во случајов, јакните ќе им бидат  добредојдени на учениците за време на зимскиот распуст, додаде градоначалникот Смилевски.

Општина Бутел доби уште една донација од невладината организација: ,,Македонски центар за граѓанско образование ( МЦГО) во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња, попознати како кенгури. Но, нивната распределба ќе биде направена по новогодишните празници.

Треба да знаете
Последни објави