Search

Меркли: Демократите нема да дадат пари за ѕидот-тоа не е мудро решение

Демократите и денеска уште еднаш го повторија нивниот став, дека тие јасно ставаат до знаење дека немаат намера да му дадат на претседателот Доналд Трамп милијарди долари за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница, пренесуваат медиумите.

Спорот доведе до делумен прекин на работата на американската влада, кој би можел да потрае и по божиќните празници.

Сенаторот од Орегон, Џеф Меркли, рече дека демократите се „апсолутно подготвени” да инвестираат пари од даночните обврзници во безбедноста на границите на САД. Меѓутоа, на прашање на новинар за време на негово гостување на локална телевизија, дали демократите нема да дозволат пари за изградба на ѕидот, Меркли одговори: „Да, тоа е точно. Нема да дадеме ништо”, пренесува АП.

Меркли изјави дека „бетонски ѕид од 30 метри и метални шилци во висина од 30 метри не се мудро решение”.

Треба да знаете
Последни објави