Search

Кошаркарките на „Бадел“ триумфално на крајот од сезоната

Сениорките и младинките на ЖКК „Бадел 1862″ од Кисела Вода натпреварувачката сезона ја завршија со убедливи победи на гостински терен во Кавадарци.

Во рамки на десеттото коло од првата женска кошаркарска лига сениорската екипа на „Бадел” со голема разлика ги победи девојките на ЖКК „Трокал”, со резултат 41:65 (12:14, 07:25, 06:17 и 13:09). Со овој триумф „жолто – сините” остануваат непоразени во лигата.

На овој натпревар најефикасни на теренот беа Сара Петровска со постигнати 19 поени и Наталија Секуловска со 17. Додека заслужни за одличната игра се и Сандра Лазареска, Сара Максимовска 6, Наталија Гаревска 4, Сања Адамовска 13, Ева Анастасова, Катерина Скендерска и Стефанија Цветановска.

И помладите „баделки” во М16 конкуренција ги надиграа своите врснички од ЖКК „Трокал” од Кавадарци со резултат 28:57 ( 11:16, 07:21, 02:10 и 08:10). На теренот најмногу се истакна Мартина Блажевска со постигнати 23 поени во противничкиот коша.

Треба да знаете
Последни објави