Search

Албанија: Годинава азил побарале 4.095 Сиријци

Во текот на ова календарска година евидентиран е рекорден број поднесени барања за азил од страна на државјани на Сирија.

Според официјалните податоци, барање за азил поднеле 4.095 Сиријци, наспроти лани кога тој број изнесувал 307.

-Тие во Албанија гледаат безбедна земја за да живеат, поаѓајќи и од верската толеранција по која е позната Албанија. Во Центарот за азил има многу млади, кои високо ја ценат Албанија,но поради различни причини, сепак, не е земја во која би останале. Но, не е мал бројот на оние кои до крајот на животот би останале во Албанија, зашто тука, како што велат, не ги гледаат како бегалци туку како луѓе,пренесува тиранската телевизија „Клан”.

Азилантите велат дека во Албанија биле добро примени, за разлика од други европски земји кои ги затвориле границите.

Затворањето на балканската рута која минуваше од Босна и Херцеговина и Унгарија го зголеми бранот бегалци кои минуваат низ Албанија. Така, на територијата на Албанија годинава се откриени повеќе илјади илегални мигранти, главно од Сирија, но и од палестинските територии и Пакистан. Но,се верува дека бројот на мигрантите кои го продолжиле патот кон некоја западно европска земја е многу поголем.

Треба да знаете
Последни објави