Search

Вајт го нокаутираше Чисора во 11 рунда

Британскиот боксер Дилиен Вајт со нокаут во 11 рунда го победи сонародникот Дерек Чисора во реванш меч кој се одигра ноќеска на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Вајт (29-8, 21 КО) го нокаутираше Чисора (24-1, 17 КО) со прецизно, но не многу силно лево кроше, откако противникот се повлекуваше од налетот во кој му зададе удар на Вајт.

Во текот на мечот двајцата боксери разменија серија удари, но Вајт не ја оправда улогата на фаворит, па се чини дека судиите ќе имаа доста работа, но можеби во негова корист ќе беа двете јавни опомени кои ги заработи Чисора. Првата во седмата рунда ја заработи поради низок удар, а втората во 11 рунда, која се чини го извади од ритам Чисора, па поради невнимание го прими решавачкиот удар.

Во првиот меч, кој беше прогласен за најдобра борба во 2016 година, Вајт победи со поделена одлука на судиите.

Победникот на овој меч јавно го предивика актуелниот светски шампион во тешка категорија според четири боксерски верзии, Ентони Џошуа, исто така Британец, кој во 2015 година му го нанесе единствениот пораз во кариерата на Вајт.

Треба да знаете
Последни објави