Search

Мицкоски: Доаѓа големата победа на претседателските избори, која ќе најави предвремени парламентарни избори

Ќе останеме овде се додека не ги видиме натрапниците како ја напуштаат зградата на Владата. Кога влегуваа внатре се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа дури и во најмилото дека нема да чепкаат онаму каде најмногу боли. Не само што чепнаа, туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме, истакна на денешниот протестен марш, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како и претходните недели, протестниот марш започна од пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ по што учесниците на протестот се упатија кон Илинденска каде бараа оставка од премиерот Зоран Заев.

-Борбата штотуку започна и нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Во април доаѓа големата победа, која ќе најави предвремени парламентарни избори кога народот ќе дојде и ќе им каже „излажавте еднаш, ви помина, два пати не измамивте, но третиот пат дојдовме по своето, а секој еден од вас ќе ја добие заслужената казна“. Нашата борба штотуку почна. Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓаНародот на следните избори ќе ви покаже дали наместените анкети се вистинската слика во Македонија. И покрај тоа што ги местите анкетите, пак ве водиме, вели Мицкоски.

Според него, оваа генерација има историска шанса да му стави крај на едно неславно владеење, на една група луѓе кои со лага и измама запоседнаа фотелји.

-Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга којашто ќе нѐ води кон просперитет. Минатата недела во Велес поминавме прекрасно, во градот на Рацин и Гемиџиите ми се случи еден пех, го објавуваа по сите портали, се смееја, ги разбирам, не знаат што е емоција, не знааат што е сентимент, но за мене и овие луѓе овде тоа е љубов и емоција и се вика Република Македонија, порача Мицкоски.

Тој од пред Владата повторно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

-Бирај време, бирај место, бирај медиум. Јас и ти тет-а-тет пред Нова година да си кажеме што имаме, му порача Мицкоски на Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе гласаат за секој оној кој што може да се спаси од политички прогон.

-Ова што го прави овој афрички монарх е политички прогон и ќе се бориме до последниот човек без
разлика дали е пратеник или уметник или обичен граѓанин, рече Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави