Search

Охриѓанец ограбил 13 куќи на сограѓани

Полицијата уапсила охриѓанец осомничен за 13 кражби, информираше МВР.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава за тешка кражба против Б.Т.(30) од Охрид.

Осомничениот  кражбите ги извршил во периодот од јули до ноември годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети.

Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист  од 369.121  денари. Лицето е лишено од слобода.

 

Треба да знаете
Последни објави