Search

Киану Ривс – актерот со големо срце

Канадскиот актер, режисер и продуцент Киану Ривс (54) е една од најхуманите и најскромните филмски ѕвезди во Холивуд . Иако и порано често им помагаше на сиромашните и донираше за добротворни цели, се откри дека Ривс во последните години донирал милиони долари за детските болници.

Ѕвездата на филмовите „Брзина”, „Матрикс” и „Џон Вик” веќе некое време ја има својата хуманитарна фондација, која финансира разни медицински истражувања и болници. Често, на ваквите потези на познатите се гледа како на еден вид рекламирање, со кое се презентираат во јавноста како добродетели, но актерот никогаш не сакаше да се пофали со тоа. На неговата сестра Ким и беше дијагностицирана леукемија во 90-тите години, која со текот на времето е доведена во состојба на ремисија, и секако ова искуство дополнително го поттикна актерот да се занимава со добротворна работа. Актерот сè уште не е во брак, но се зборува дека се гледа со Хали Бери (52), со која го снима третото продолжение на „Џон Вик”.

Треба да знаете
Последни објави