Search

Хилари Клинтон ѝ напиша писмо на 8-годишна ученичка

Хилари Клинтон ѝ напиша писмо на 8-годишна ученичка која не била изгласана за претседател на одделението, велејќи ѝ дека многу добро знае како да се кандидираш „за позиција која секогаш ја добиваат момчиња“.

Знам дека можеби си разочарана затоа што не стана претседателка, но јас многу се гордеам со тебе затоа што одлучи да се бориш за тоа“, Клинтон напиша во писмото до третоооделенката Марта Кенеди Моралес.

Клинтон дознала за Марта преку објавите на нејзиниот татко на „Фејсбук“.

Осумгодишната Марта изјави во неделата дека е многу многу возбудена што добила писмо од Клинтон. „Ова не се случува секој ден“, рече таа, додавајќи дека била разочарана затоа што изгубила за само еден глас.

Но, таа рече дека е среќна што станала потпретседател на одделението.

Во своето писмо, Клинтон ѝ порачала на Марта никогаш да не престане да се бори за себе и секогаш да се стреми кон тоа да биде лидер. Таа, исто така, ѝ честиташе на освоената потпретседателска позиција.

Треба да знаете
Последни објави