Search

Гостин пронајде бисер во ручекот во познат њујоршки ресторан

Гостин пронајде бисер во ручекот во познат њујоршки ресторан

Рик Антош, чест гостин во познатиот њујоршки ресторан „Централ ојстер бар“ во својот ручек пронашол бисер.

Антош на 5. декември во ресторанот дошол на ручек со пријателите и ја побарал вообичаената нарачка по цена од 14,75 долари – чорба од острига.

Како што раскажува 66-годишниот маж за „Њујорк пост“, кога почнал да јаде во устата почувствувал мал предмет.

„Во дел од секундата ми се случи кошмар. Дали е тоа заб? Дали е пломба?“, раскажува Антош.

Меѓутоа, како што вели, се испоставило дека станува збор за бисер со големина на зрно грашок.

„Веќе 28 години работам овде. Ова е втор пат да присуствувам на ваков настан. Ние на дневно ниво продаваме повеќе од 5.000 остриги“, вели директорот на ресторанот.

Антош, како што се наведува, уште не одлучил што ќе направи со бисерот.

„Дефинитивно ќе се вратам во обид да пронајдам уште бисери. Никогаш не се знае“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави