Search

Нападот во Стразбур го намали бројот на „жолтите елеци“, и денеска судири со полицијата

Полицијата во Париз денеска по протестите на „жолтите елеци“ привела 95 лица, што е далеку помалку отколку минатиот викенд кога беа приведени 598, а притворени 475 демонстранти.

Според министерството за внатрешни работи на Франција, околу 12 часот во Париз имало околу 3.000 протестанти, или 4.000 помалку во споредба со претхониот протест. Намален е бројот на протестанти во цела Франција, па вкупно денеска на улиците излегле околу 33.500 лица.

Нмалениот број на протестанти се должи на отстапките кои ги најави претседателот Емануел Макрон, но пред се на повикот на синдикатите и на одредени политичари гражаните да не излегуваат на улиците поради терористикиот напад во Стразбур и да ги остават полицајците да ја вршат својата работа.

Ова беше петти викенд по ред на кој протестираат „жолтите елеци“.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави