Search

„Вест Хем“ подобар од „Фулам“ за продолжување на победничката низа

Фудбалерите на „Вест Хем“ го победија „Фулам“ на гостински терен со 0:2 во натпревар од 17-тиот круг од првенството на Англија. Головите за „Вест Хем“ ги постигнаа Роберт Снодграс и Мајкл Антонио.

Ова беше четврта победа во серија за „Вест Хем“, по која се искачи на 9.место на табелата со 24 бода. „Фулам“ со само девет освоени бода е на последната позиција.

Резултати на другите денешни натпревари од 17.коло во Премиер лигата:

Манчестер Сити – Евертон 3:1
Кристал Палас – Лестер 1:0
Хадерсфилд – Њукасл 0:1
Тотенехм – Барнли 1:0
Вотфорд – Кардиф 3:2
Вулвс – Бурнмут 2:0.

Треба да знаете
Последни објави