Search

Црногорец претепал две момчиња во Аеродром

Црногорски државјанин претепал двајца скопјани, ноќеска во населбата Аеродром, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил во 3.20 часот во угостителски објект на булеварот Јане Сандански. Тогаш Н.М.(19) и С.К.(21) од Скопје биле физички нападнати од  Ј.Ш.(29) од Црна Гора.

Момчињата побарале лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде им биле констатирани телесни повреди. Полицијата го привела Ј.Ш. и против е поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави