Search

Хрват измамил тетовец за 40.000 евра

Тетовец останал без 40.000 евра со кои сакал да купи машини од Италија, откако бил измамен од Хрват, наводен сопственик на фирмата, информираше МВР.

СВР Тетово го сомничи М.К.(38)  Хрватска за кривично дело измама.

Според полицијта, А.Г.(34) од село Стримница, тетовско, управител во фирма од  Стримница  минатиот месец ја пријавил измамата. Бизнисменот објаснил дека претходно остварил телефонски контакт со непознато лице, кое се претставило како сопственик на фирма во Милано, Италија.

Тетовецот бил заинтересиран за набавка на работни машини па на 26 ноември испратил негов претставник во Италија, каде на истиот му биле покажани работните машини. При тоа претставникот дал 8.000 евра како капар на лице кое при тоа приложило фотокопија од лична карта на име на Хрватот.

Двајцата се договориле за пазарот, па А.Г. во два наврати уплатил дополнителни 32.000 евра на фирмата во Италија, но тогаш М.К. ги прекинал сите контакти со тетовецот, а машините не му биле испорачани.

Треба да знаете
Последни објави