Search

Камчев нуди имот вреден 14 милиони евра за да излезе од „Шутка“

Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега, дознава Телма. Според телевизијата, станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали  Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Мислење треба да даде и СЈО.

Судот треба да се произнесе и за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кој  неделава исто така понуди гаранција. Три недвижни имоти процененти на 1 милион евра станбен и деловен простор.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави