Search

ИД тврди дека напаѓачот од Стразбур бил нејзин борец

Џихадистичката група Исламска држава соопшти дека мажот, кој уби три лица во Стразбур пред да биде застрелан од полицијата, бил нејзин борец, но не изнесе докази за таквото тврдење.

ИД тврди дека 29-годишниот Шериф Шекат го извршил нападот на Божиќниот пазар во Стразбур „како одговор на повиците да бидат нападнати државјани на земјите од коалицијата” која се бори против џихадистичката група во Сирија и Ирак.

Според очевидци, Шекат извикал „Алах акбар” при нападот на пазарот, кој го извршил со огнено оружје и нож.

Треба да знаете
Последни објави